Интернет
23. September 2015 - 16:54

Скоро сите користиме Viber но откако ќе го прочитате ова веднаш ќе го избришете

Viber едноставно експлодираше од масовна употреба во целиот свет во последнава година. До широко распространетата употреба на апликацијата дојде пред се поради два фактори. Паметните телефони стануваат се поефтини и подостапни за секој "џеб", но и WiFi мрежата е се пораспространета.

Viber е апликација за паметни телефони која овозможува на корисниците да воспоставуваат бесплатни повици и испраќаат бесплатни пораки. Viber работи на 3G и WiFi мрежи.

За разлика од останатите VoIP даватели на услуги, како што е Skype, Viber не бара корисничка сметка и овозможува директен повик кон сите мобилни и фискни мрежи, каде што софтверот е инсталиран на двата уреди.

Viber е апликација изработена од компанијата Viber Media со седиште во Кипар, и центри на развој во Белорусија и Израел. Оваа мобилна апликација е основана од израелско-американскиот бизнисмен Талмон Марко.

Сепак, околу оваа апликација која буквално го освои светот, владее голема контроверзност, особено во однос на нејзината безбедност.

Талмон Марко е израелско-американски претприемач кој има работено за израелските воени сили а има диплома по компјутерски науки и менаџмент. Има креирано и развиено бесплатни апликации кои потенцијано би можеле да ги следат резговорите на клиентите како и нивните активности, како што е iMesha за кој се вели дека има тајно инсталирано шпионски софтвер на уредите на корисниците.

Во 2010 година го развива Viber со пријател кој работел исто така работел во израелските воени сили. Поради овие факти многумина веруваат дека нивните пораки се следени, а нивните повици се шпионирани.

Марко самиот вели дека многумина го обвинуваат дка развил шпионска мрежа, но тој тврди дека не зел ни долар од Израел, и дека само развојниот центар е во таа земја.

"Никогаш не сме доволиле на никого пристап до разговорите и пораките на Viber. Саудиската влада се закани на три компании дека ќе ги исклучи доколку не дозволат мониторинг - на Viber, Skype и WhatsApp. Само една е исклучена (Viber), запрашајте се зошто не се и останатите".

Иста така тука е уште едно прашање за политиката на приватност - копија од адресарот. Апликацијата чува копија од адресарот на секој корисник на сопствен сервер, за разлика од другите апликации. Така да кога некој од вашите пријатели ќе ја превземе апликацијата, ќе добие и број на останатите кои ја немаат или нејќат да ја превземат.