Скопска премиера на филмот „Златна петорка“ во „Милениум“
Во кино „Милениум“ вечер ќе биде скопската премиера на филмот „Златна петорка" во режија на Горан Тренчовски, по која тој ќе биде на репертоарот на ова кино и во киното „Синеплекс“, а од 12 октомври ќе се прикажува и низ кината во Македонија.
Филмот премиерно беше прикажан на затворањето на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола минатиот месец, а светска премиера имаше минатиот четврток на Интернационалниот филмски фестивал „Реинденс“ во Лондон. На 16 октомври „Златна петорка“ ќе биде прикажан во Сиднеј, а на 23-ти во Торонто.
Филмот тематизира настан од 1951 година кога биле егзекутирани пет напредни студенти од Струмица.
- Иако филмот е претежно приказна за минатото, како и сите добри приказни за нашата историја не информира за нашата сегашност, не предупредува за последиците од фанатичен национализам и нетолерирањето критики кон власта но, исто така, дава порака на надеж за оние од нас кои се подготвени да ги прифатат лекциите од минатото, информира продукцијата „Револушн“.
Сценариото инспирирано по вистинит настан е работено по мотиви на Братислав Ташковски, а на последната верзија косценарист беше Билјана Гарванлиева. Директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажери се Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.
Улогите во филмот ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски...
Филмот „Златна петорка“ е поддржан од Агенцијата за филм на РМ како дебитантски филм. хс/ цр/07:18
Ново на Сител
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет