Македонија
3. December 2018 - 12:05

Скопје загадено, засега мерки за заштита нема, во сила само препораки

 

 Станиците за мерење на квалитетот на воздухот во Скопје за време на викендот и во текот на ноќта регистрираа високи концентрации на ПМ10 честичките кои достигнаа и над 300 микрограми на метар кубен. Карпош, Бутел, кај Ректорат, Центар и кај Миладиновци во текот на овие денови се регистрирани високи концентрации, а се уште не работат мерните станици во Лисиче и Гази Баба.

Иако загадувањето е над максимално дозволеното, мерки за заштита се активираат доколку во два последователни денови има средно дневни концентрации што надминуваат 200 микрограми на метар кубен на две мерни станици во Скопје.

Поради високите концентрации кои се штетни по здавјето и се над 100 микрограми на метар кубен, засега се само препораките до населенито да не излегува без потреба, да се користи јавен превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време,  да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал и правилно да се користат печките за дрва.

Последните мерења на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат концентрации во Скоје од 105 до 248 микрограми.  Загадување на воздухот според мерењата има и во Тетово од 134, Куманово 142 и Струмица 130 микрограми