Македонија
11. February 2022 - 18:52

Скопје: Си ја претепала сосетката, па и го оштетила возилото

На 10.02.2022 околу 17:00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Џ.С.(41) од Скопје пријавила дека околу 11:30 часот во нејзиниот двор била физички нападната од нејзина сосетка, која со тврд предмет го оштетила и нејзиното возило, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.