Македонија
9. April 2017 - 22:28

Скопје се тресе - два земјотреси за две минути

Два земјотреса со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во Скопје вечерва во 21 часот и 10 минути и во 21 часот и 11 минути.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека епицентрите на земјотресите биле во Скопското епицентрално подрачје, а се почувствувани во Скопје и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.