Македонија
5. October 2015 - 12:18

Скопје го стресе земјотрес

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 11 часот и  13 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа во Р. Косово, околу 57 km западно од Скопје.
 
Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во западните делови од Р. Македонија, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала – 1998.