Кошарка
22. January 2016 - 12:28

Скопје домаќин на ЕП за кошаркари до 18 години

Денеска во Минхен, беше извршена ждрепка за Европските кошаркарски првенства во помладите категории. Пет македонски кошаркарски селекции (три во машка и две во женска конкуренција) летово ќе имаат настап на континенталните шампионати, а најголемо внимание секако ќе привлече оној во Скопје. Главниот град на Р. Македонија во периодот од 27 јули до 7 август ќе биде домаќин на ЕП – дивизија Б, за кошаркари до 18 години. 
 
На првенството во Скопје, македонските надежи во групната фаза за противници ќе ги имаат селекциите на: Бугарија, Унгарија, Кипар, Р. Ирска и Полска.
 
Младинците, селекцијата на кошаркари до 20 години ќе игра во Б дивизаијата на ЕП кое од 15 до 24 јули ќе се одржува во Халкида, Грција. Македонските надежи ќе бидат во групата А каде за противници ќе ги имаат: Португалија, Црна Гора, Ерменија и Грузија. 
 
Кадетите (играчи до 16 години) ќе патуваат на првенството во Софија, Бугарија (од 11 до 20 август), каде во Б групата, за противници ќе ги имаат младите кошаркари од: Англија, Израел, Унгарија, Р.Ирска и Шкотска.
 
Во женска конкуренција, две наши селекции ќе играат во Б дивизијата.
Јуниорките (кошаркарки до 18 години) ќе настапат на првенството во Сараево, БиХ, од 23 до 31 јули, а во Ц групата ќе бидат со: Естонија, Грција, Р.Ирска и Англија. 
 
Кошаркарките до 16 години, ќе играат во романскиот град Ородеа (од 5 до 
14 август), каде за протвнички во Д групата ќе ги имаат нивните врснички од: Белгија, Полска, Романија и Норвешка.
 
Главното извлекување претстои, а во него најдобрата машка репрезентација на Македонија ќе ги дознае противиците во квалификациите за ЕП во 2017 година.