Македонија
2. August 2020 - 14:31

Скопјани нападнати на плажа во Охрид

Синоќа кратко по полноќ на плажата „Сараиште“ во Охрид, со стаклен предмет 23-годишен скопјанец нападнал двајца скопјани. Како што стои во соопштението од МВР:

На 02.08.2020 година во 00,30 часот, на плажата „Сараиште“ во Охрид,нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и употреба на стаклен предмет, извршен од Л.Ч.(23) врз Љ.Д.(24) и Д.Ј.(24), сите од Скопје. Љ.Д. и Д.Ј. со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Охрид а напаѓачот е приведен. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.