Македонија
26. February 2020 - 19:17

Скопјанец вработен во продавница му го зел ножот на разбојникот кој избегал со парите

Вчера во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продавница на бул. „Борис Трајковски” едно лице со закана со нож од вработениот одзело пари од дневниот промет.

Според пријавеното, лицето влегло во продавницата и во моментот кога вработениот не бил на касата почнало да вади пари. Кога вработениот го забележал, се обидел да го спречи, му го одзел ножот, по што лицето побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.