Македонија
18. September 2019 - 11:02

Скопјанец тешко повреден во сообраќајка во Аеродром

Вчера во 15.35 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(48) од Скопје и мопед „сим“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(62) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Т. и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.