Македонија
2. November 2016 - 23:48

Скопјанец со апел до крадецот: Врати ми ги прстените!

Скопјанец се обрати до медиумите за помош за пронаоѓање на два златни прстени, украдени од страна на џепчија во автобус на ЈСП.

Како што појаснува Борис, на 14 октомври бил во болница на операција на слепо црево, при што златниот прстен, драгоцен спомен од неговата неодамна почината мајка и венчалната бурма ги предал на неговата сестра, која дента додека се враќала од болница била ограбена во автобус со број 22.

Кражбата на неговиот новчаник со пари, документи и споменатите прстени се случила некаде на потегот „Симпо“ на булеварот „Партизански одреди“.

Случајот е пријавен во Полициската станица Ѓорче Петров.

Скопјанецот бара овие нему, драги работи да му се вратат со можност да ги откупи, а причината е секако сентиментална.

Еве ја неговата објава, па помогнете: