Македонија
7. February 2017 - 14:14

Скопјанец се бори за живот, тешко повреден во сообраќајка

Вчера утро во 07.10 часот во Скопје на ул. „Призренска 2“ се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило „Пежо Партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. (43) од с.Кучевиште, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
 
Со возило на Итна медицинска помош З.С. е префрлен во Клинички центар Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.