Македонија
7. јуни 2019 - 21:47

Скопјанец претепан пред дискотека во Градски парк

На 07.06.2019 година во 01.05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во близина на дискотека во Градски парк во Скопје, на улица бил пронајден И.А. (38) од Скопје, кој лежел во бесознание со повреди од претходен физички напад.

Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.