Македонија
5. September 2020 - 18:02

Скопјанец починал во болница 15 минути откако го донела девојката

Вчера вечер во 23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен 30-годишниот Ф.В. од Скопје, а во 23.15 часот била констатирана смрт.

Ф.В., според изјавата на неговата девојка, претходно имал здравствени проблеми.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.