Македонија
13. October 2017 - 13:04

Скопјанец почина во својот автомобил

Вчера околу 01.40 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од страна на Итна медицинска помош, било пријавено дека на ул. „Орце Николов“ во Скопје од страна на случајни минувачи во патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Г.С. (42) од Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.