Македонија
2. November 2018 - 11:09

Скопјанец излета од „Јадранска магистрала“, тешко повреден при превртувањето на возилото

Вчера околу 21.40 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје, Е.Т.(23) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и се превртел.

Притоа, Е.Т. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.