-->
-->
Ски скокови: Трета титула за Крафт
-->
Австриецот Штефан Крафт беше во фантастична форма за да го освои златото на големата скокалница на Светското првенство во Оберстдорф, Германија, пред Норвежанецот Роберт Јохансон и домашниот фаворит Карл Гајгер.
Крафт имаше убедлива предност по првата серија пред Јохансон за на крајот да победи со 276.5 поени (132.5 и 140 метри), додека Норвежанецот заостана 4.4 поени со скоковите од 129.5 и 135.5 метри. Гајгер имаше 267.4 поени со два скока од 132 метри, за да ја комплетира колекцијата медали од Оберстдорф – освои сребро на малата скокалница и беше дел од германскиот тим кој ја освои мешаната титула.
„Фантастично, не можам да го опишам чувството. По тешко лето со многу проблеми со повредите, да се вратам на мојата омилена скокалница и да освојам злато е неверојатно“, вели Крафт, кој пред четири години во финскиот Лахти победи на малата и големата скокалница.
Пјотр Жила, полскиот ас кој освои злато на малата скокалница, беше четврти, пред Словенецот Анже Ланишек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка