-->
-->
Ски скокови: Стартува новогодишната турнеја
-->
Традиционално за време на Новогодишните празници, спортската јавност е свртена кон турнејата Четири скокалници, која оваа година ќе се одржи по 64-ти пат.
Австријците, во изминатите седум години, беа неприкосновени на турнејата, но оваа година се чини дека пред сите главен фаворит е Петер Превц, кој се наоѓа во одлична форма.
Новогодишната турнеја се одржува на четири скокалници: Оберсдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен.
Почетокот на Новогодишната турнеја е резервиран за 29.декември во Оберсдорф, а наредниот ден скокачите се селат во Гармиш, каде се натпреваруваат во првиот ден од Новата година.
Словенецот, Петер Превц кој води во генералниот пласман и кој од почетокот на сезоната се наоѓа во многу подобра форма од конкурентите, во квалификациите во Оберсдорф беше прв, со што најави дека може да ја прекине седумгодишната доминација на Австријците на Новогодишната турнеја.
По Оберсдорф (вторник, 17:15 ч) и Гармиш-Партенкирхен (1.јануари, 14 ч), ќе следат натпреварите во Инсбрук (3.јануари, 14 ч) и Бишофсхофен (5.јануари, 17 ч).
Инаку, во 64-годишната историја на ова натпреварување особено се истакнуваат две имиња, Јане Ахонен и Свен Ханавалд. Легендараниот Финец има најмногу победи на турнејата, тој триумфирал во 1999, 2003, 2005, 2006 и 2008 година, додека Ханавалд е единствениот кој успеал да победи на сите четири скокалници за време на турнејата.
Титулата ќе ја брани Штефан Крафт, а покрај Превц како главни фаворити се издвојуваат Германецот Зеверин Фројнд, Норвежаните Кенет Гангенс, Јохан Андре Форфган и Даниел Андре Танде, односно Австријците Михал Хајбек и Штефан Крафт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња