Македонија
8. јуни 2018 - 15:43

Скендер Реџепи: Правдата стигна – БЕСА припаѓа на своите следбеници

Апелациониот суд донесе одлука – Движењето БЕСА припаѓа на своите оснивачи, идеатори, на своето членство, на своите органи и на гласачите на БЕСА. Честито за сите!

Почитувани претставници на медиумите,

Денес сум тука да ви кажам дека правдата се враќа на своето место. На 23.05.2018 год. Апелациониот суд донесе одлука елаборирана во 5 страници, за поништување на првостепената судска одлука и предметот да се врати на разгледување во Основниот суд. Притоа, Апелациониот суд дава и десетина забелешки и препораки, кои Основниот суд не ги земал предвид во првостепената одлука, а ти се клучни за донесување пресуда за предметот.

Затоа денес сум тука да ви кажам дека и покрај сите измислици, шпекулации и невистини – кои беа поттикнати од тие кои фалсификуваа и имиња на личности во нивна корист, сепак правдата дојде на своето место. Тие заборавиле дека идејата на БЕСА не може да се фалсификува и колку и да се напаѓа, дури и да се навалка, таа сепак останува автентична во својата автохтона татковина.

Почитувани членови, симпатизери и гласачи на Движењето БЕСА, ние сме свесни дека вие сте повредени од расколот, но правдата иако доцни, сепак не заборава. Денешниот ден е уште една потврда дека тој што е во право никогаш не губи. Од денес фалсификаторите, расколниците и вандалите на седиштето на БЕСА може да одат кај сакаат, бидејќи Движењето БЕСА припаѓа на своите следбеници, изјави Скендер Реџепи – Зејд, генерален секретар на Движењето БЕСА