Скандал во Германија: Воена муниција оставена без надзор, а потоа украдена

Непознати сторители украле околу 20.000 куршуми што им припаѓале на германските вооружени сили (Бундесвер), од камион на цивилна транспортна компанија кој преку ноќ бил оставен на необезбеден паркинг во покраината Саксонија-Анхалт.
Германското Министерство за одбрана за „Шпигел“ потврди дека возачот на ангажираната цивилна компанија го паркирал камионот натоварен со воена муниција во индустриска зона кај градот Бург, а потоа заминал да преноќи во хотел – оставајќи го товарот без никаков надзор.
Според прелиминарната истрага, крадците во текот на ноќта го отвориле товарниот простор и украле неколку сандаци со муниција, а кражбата била откриена дури следниот ден, кога возачот се појавил за да ја испорача стоката во блиската касарна. Првичните процени покажуваат дека исчезнале околу 10.000 куршуми бојева муниција за пиштоли, 9.900 маневарски куршуми за јуришни пушки, како и таканаречени димни бомби.
„Кражбата ја сфаќаме многу сериозно, бидејќи ваков вид муниција не смее да заврши во погрешни раце“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана.
Извори од Бундесверот, кој го води случајот заедно со локалната полиција, сметаат дека е мала веројатноста станува збор за случајна кражба. Можно е сторителите претходно да го забележале транспортот и да ја искористиле ненадејната пауза на возачот во Бург за да ја изведат кражбата.
Ново на Сител
-

Приведени 15 лица под сомнение за убиство од небрежност во пожарот во Хонг Конг, соопшти полицијата
-

Жител на Бегниште приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници
-

64-годишник измамен за сума од 1300 евра, едно лице му ветило дека ќе му помогне да земе социјална помош
-

Приведен неготинец, со 2,99 промили алкохол во крвта се заканувал на неговиот татко
-

Сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов: Никогаш не би дозволил да фали нешто во клубот каде се собираат сите млади и моите деца
-

Грчките земјоделци го блокираа граничниот премин Евзони кон нашата земја
-

Од вечер дожд и на планините снег
-

Илија Панов од Кавадарци осуден на 16 години затвор за убиството на партнерката
