Балкан
7. March 2017 - 12:08

Скандал во Бујановац: Нишани пречекан со „Добредојде претседателе“

Претседателот на Албанија Бујар Нишани Бујановац го дочекува со голем билборд на кој е ликот на албанскиот претседател и порака на албански јазик.

Билбордот на кој пишува „Добредојде претседателе“ е поставен во центарот на Бујановац близу зградата на општината.

Уште еден таков билборд, нешто помал е поставен и на Плоштадот Караѓорѓе.

Foto: Zoran Šaponjić

На самата општинска зграда се истакнати знамињата на ЕУ, Србија и на Албанија.

Во центарот на Бујановац за сега се собрани само десетина Албанци кои го очекуваат доаѓањето на претседателот на Албанија.

Foto: Zoran Šaponjić

Претседателот на Албанија како што е најавено ќе разговара со претседателот на општина Бујановац Шаип Камбери како и со Јонуз Муслиу претседател на Националниот совет на Албанците, а потоа ќе им се обрати на новинарите.

Потоа е планирано претседателот на Албанија и неговите домаќини да го посетата селото Велики Трновац, во близина на Бујановац.