Џет-Сет
29. December 2016 - 21:52

Скандал: Уапсен познатиот пејач

Американскиот пејач Треј Сонгз е уапсен затоа што на концертот во Детроит фрлал микрофони и звучници од бината, соопшти полицијата.

Треј е уапсен во средата после концертот.

Портпаролот на детроитската полициајата Ден Донаковски изјави дека Сонгз станал „вознемирен и агресивен“ кога му е речено дека мора да го заврши концертот и да се симне од бината до 23.30.

Полицискиот службеник е погоден во глава со предмет фрлен од бината.

На Сонгз му се заканува обвинение за уништување на имот и попречување на правда.