Балкан
28. September 2016 - 12:46

Скандал на Коридорот 11 во Србија: Ги рушат новите тунели бидејќи се ниски, штета од 4 милиони евра!?

Тунелите Брџани и Шарани на делницата Лиг-Прелина во Србија се целосно наупотребливи - пониски се за 30 сантиметри, поради што шлеперите не можат да поминат.

Во Србија се е можно, па и еден од најважните градежни проекти Коридорот 11 да биде изграден така што шлеперите не можат да поминат низ тунелите.

Како што пишува српски Курир, двата тунела кај Лиг практично се наупотребливи и шлеперите низ нив можат да поминат само по средина.

Со тоа е направена штета од четири милиони евра.