Македонија
24. July 2015 - 14:34

Скај: Грција и се лути на Србија поради Македонија и Косово

Грција ја иритираат ставовите на Србија околку Македонија и Косово, објави атинската телевизија Скај, повикувајќи се на извори во грчкото Министерство за надворешни работи. 

Според телевизијата, Атина проценува дека Србија „во последно време повлекла серија несфатливи потези“, вршејќи притисок во ЕУ за решавање на проблемот со името на Македонија, а дополнително „ја иритираат и информациите за наводен притисок врз Грција за признавање на Косово“.

Како што објави пораталот СЕЕБИЗ, телевизијата тврди дека поради „неодамнешните провокативни потези“ на Белград во врска со Косово и Македонија, Атина вложила официјален протест до српската Влада.  

Во врска со тврдењата во некои српски медиими дека Грција планира да го признае Косово, изворите на Скај во грчкоот Министерство навеле дека Атина „во целост ги спроведува договортите склучени од 2000 до 2013 година, што и е познато и на Владата на Србија“.

- Во пракса Србија се обидува да ги подобри односите со Косово, наспорти јавната слика што ја создава по тоа прашање на домашната сцена, навеле истите извори, додаваќи дека признавањето на Косово од страна на Атина „не е работа на сегашниот миг“ и дека Грција ја води својата надворешна политика „базирајќи се на националните интереси“.

Изворите со „незадоволство навеле“ дека Атина седум години ја поддржува кандидатурата на Србија за прием во ЕУ, иако Белград на времето „побрзал да ја признае“ Македонија, поради своите тесни интереси, наведува Скај.