Македонија
3. February 2017 - 19:53

СЈО врши притисок врз судот

Скопскиот кривичен суд  покажува интегритет и покрај силните притисоци од Специјалното јавно обвинителство за неосновани претреси. Познавачите коментираат дека со соопштението испратено неделаава, СЈО на Катица Јанева само продолжила со притисокот врз судиите да и дозволат да креира филмски спектакли. Пред два дена на ваквото однесување на СЈО реагираше првиот човек на Судкиот Совет Караџовски кој вели дека обвинителството на Јанева е инфантилно.

Јанева јавно се пожали дека судот не и дозволувал претрес кај дел од осомничените во нејзините предмети. Од скопскиот кривичен суд одговорија дека специјалните обвинители не ги почитуваат процедурите на судот, а конкретните барања за претрес биле доставени до дежурен судија на претходна постапка, наместо преку приемното одделение.

Дополнително, зачудува заканувачкиот вокабулар во писмените дописи и јавни соопштенија на СЈО кон судот и судиите, а јавното повторување на имињата и презимињата на судии на претходна постапка и судии во Кривичните совети кои постапуваат по конкретни предмети не можат да  влијаат врз судиите во овој суд и нивното непристрасно и законито одлучување, велат од основниот суд Скопје 1.