Македонија
27. December 2018 - 16:04

СЈО позитивно за барањето за укинување на притворот на обвинетите во „Империја‘‘

Специјалното јавно обвинителстсво се уште нема дадено мислење по барањето за укинување на притворот на Сашо Мијалков, обвинет во случајот Империја.

Тој неодамна како гаранција дека нема да ја напушти државата, понуди 1 милион евра.

Од мислењето на СЈО ќе зависи каква одлука ќе донесе судијата на претходна постапка, вели адвокатот на Мијалков.. Според Љупчо Шврговски, парична гаранција се нуди за бранење од слобода а не за куќен притвор..

За останатите обвинети во предметот Империја, вчера доцна попладне СЈО одговорило позитивно на барањата за укинување на притворот и негова замена со поблага мерка, односно куќен притвор.. Таквата одлука ја образложуваат со прибавените материјални докази..

„За причините, во интерес на истрагата не можеме да дадеме дополнителни информации, но може да се нагласи дека во случајот „Империја“ најважни се материјалните докази и во оваа фаза успешно се прибавени“, велат од СЈО за МИА..

Позитивните мислења на СЈО за Камчев, Панделевски и останатите обвинети се веќе во Апелациониот суд кој одлучува со каква мерка ќе го замени затворскиот притвор..

Инаку освен за обвинетите  во предметот Империја, СЈО ги прифатило и жалбите на Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски.. Двајцата предложија гаранции во имот за укинување на притворот.. Во текот на утрешниот ден се очекува Апелациониот суд да одлучи со какви мерки ќе им биде заменет затворскиот притвор одреден пред месец и пол за предметот Титаник.