Македонија
21. October 2016 - 20:47

СЈО одзеде дел од бараните податоци од УБК

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека од Управата за безбедност и контраразузнавање ги одзело сите наредби за Посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција, како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација.

- Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите, се наведува во соопштението од СЈО.