СИЗ „Македонија сообраќај“ доби акредитации за 4 нови програми за обука од ИРУ
Стопанската интересна заедница за патен транспорт „Македонија сообраќај“ - АМЕРИТ доби акредитации за четири нови програми за обука на македонските патни транспортери од Меѓународната унија за патен транспорт - ИРУ, со седиште во Женева.
- Станува збор за обуки за СРС менаџери во стоковниот и патничкиот транспорт и за периодична обука за СРС возачи од Ц и Д категорија, што ќе се вршат во Центарот за обуки на АМЕРИТ во Скопје, а за што веќе се акредитирани седум инструктори во Центарот, соопшти денеска „Македонија сообрачај“ АМЕРИТ.
Акредитациите, како што информираат, им се врачени на претставници на АМЕРИТ на меѓународната конференција „Можности за кариера во индустријата за патен транспорт", организиран од ИРУ и Управата за сувоземен сообраќај на Грузија, а на кој присуствуваа над 140 претставници од транспортот и логистиката, истражувачи и креатори на транспортната политика од 30 земји.
Според соопштението од АМЕРИТ, Патрик Филип, раководител на Академијата на ИРУ, истакнал дека акредитациите се чекор кон усогласување со ЕКМТ Повелбата за квалитет на патниот транспорт во Европа, што стапи во сила на почетокот на годинава, а истовремено се и потврда на високиот квалитет на обука, што веќе го практикува Центарот за обука на СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ. - На патната индустрија и треба висок квалитет на обука до фокус на развивање на вештините на професионалците со подобрување на нивното знаење и на способноста да се справат со клучните аспекти на патниот транспорт. Добро образованите професионални возачи се клучот за поголема безбедност на патиштата и за одржување на динамиката на економијата, навел Филип.
Во Центарот за обука при СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, формиран во 2007 година, досега се обучени над 20.000 транспортни кадри, кои поминале обуки за професионална компетентност на менаџери и возачи за учество во меѓународниот транспорт, за превоз на опасни материи - АДР, користење дигитални тахографи, безбеден натовар и обезбедување на товарот и други обуки. По завршување на обуките за професионална компетентност, тие полагаат испити пред специјална испитна Комисија при Министерството за транспорт и врски, кое им издава соодветни сертификати, а кои им се неопходни во вршењето на меѓународниот транспорт на патници и стоки.
Ново на Сител
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа
-
Лазаров по пласманот во осминафиналето на Европскиот куп: Тоа беше нашата зацртана цел и ја остваривме
-
Трамп им се заканува на членките на БРИКС со 100% царини доколку работат на поткопување на доларот
-
Најмалку 40 цивили загинаа во израелски напад врз зграда во бегалски камп во Џабалија, во Појасот Газа
-
УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври
-
Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка
-
OJO: Предлог притвор за лицата кои се заканувале со оружје и експлозиви, па одзеле пари од продавницата „Нептун“
-
Мицотакис: Верувам дека Северна Македонија ќе сфати дека не во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција