Loading Video...
Свет
25. јуни 2019 - 17:11

Ситуацијата помеѓу САД и Иран продолжува да се вжештува

Иранскиот врховен лидер  Ајатолахот Али Хамнеи, министерот за надворешни работи и 8 команданти на револуционерната гарда се опфатени со новите санцкии на САД  врз Иран. Со санкции им се забранува пристап до финансиските средства во Соединетите држави.  Потегот е очајнички , кој го затвора патот на дипломатијата помеѓу САД Иран порача ирнаскиот амбасадор во ОН.   

 - Не можеш да имаш дијалог со некој кој ти се заканува, кој те заплашува. Како да шпочнеш дијалог со некој која основна цел му е да додаде уште санкции на Иран изјави  Маџид Тахт Раванчи

Реагираше и претседателот Рохани. Фунционерите во Белата кука ги нарече ментално ретардирани а  санцкиите  ги опиша како идиотски и бескорисни. Преку санкциите, Трамп се обидува да го спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје.