Свет
14. September 2018 - 10:26

Сите стравуваат поради ураганот Флоренс кој прави хаос во Америка, но Азија ја чека посилна бура: Супертајфун удира на Хонг Конг

Додека на источниот брег на САД удира ураганот Флоренс, уште посилна бура се формираше на југоситокот од Азија. Хонг Конг и Макао ќе ги зафати бура посилна од ураганот Флоренс - супертајфунот Мангкхут.

Овој супертајфун кој на Филипините е познат како Омпонг, моментално по својата сила е еквивалентен на ураган од петта категорија во Атланскиот океан.

Ветровите кои ги носи супертајфунот Мангкхут дуваат со најмалку 252 км/час, пто е посилно од ударот на ветровите на ураганот Флоренс.

Се наведува дека овој супертајфун, дури и кога ќе спадне на бура од четврта категорија, ќе биде исклучително опасен. Се предвидува дека ќе донесе обилни дождови и поплави на северот од Филипини, каде властите се подготвуваат за доаѓањето на супертајфунот.

Овој супертајфун ќе влијае на 43,3 милиони луѓе чие подрачје на живеење ќе го погоди. Да потсетиме, ќе погоди едно од најгусто населните подрачја на светот, делтата на реката Жу Јианг, третата најголема река во Кина, што го вклучува и подрачјето на Хонг Конг и Макао.

Подрачјето Лузон 2016 година претрпе удар од супертајфунот Хаим. Тој супертајфун уништи 14.000 куќи, а оштети 50.000.

Не се очекува дека Мангкхут ќе предизвика такво разорување, но филипинските власти предупредуваат дека очекуваат околу 250.000 долари штета врз посевите со ориз и пченка во тој регион.

Според својата моментална патека, оваа бура би требала да помине низ регионот Лузон, како и меѓу Филипини и јужен Тајван, а потоа да продолжи кон Хонг Конг и Макао.

Се очекува бурата да го погоди југот на Кина во понеделник наутро. Да потсетиме, Макао минатата година ја погоди тајфунот Хато, кој воедно е и најсилна бура која некогаш го погодила тоа подрачје во последните 50 години, а зад себе остави поплави и големи штети врз недвижностите.

Бројните авиокомпании најавија дека своите патници ќе ги пренасочат во други градови за време на најлошиот удар на бурата. Но пред да стигне Мангкхут на брегот, Хонг Конг и Макао ќе мора да претрпи удар од помалиот тајфун Баријат. Неговите удари на ветрот се движат од 100 до 200 км/ч, а со себе носат обилни дождови.