Сите се гледаат само себеси: Човек умре во возот, никој не забележа неколку часа
Неколку часа никој од патниците ниту од службениците во возот не забележале дека средовечен човек починал во текот на возењето низ Мексико Сити.
Несреќниот човек, чиј идентитет не е познат, најверојатно доживеал срцев удар во текот на возењето со метрото. Кога удрил во страната на седиштето резервирано за трудници и лица со инвалидитет останал неподвижен, па повеќето патници помислиле дека тоа е само уморен човек кој заспал.
Дури 15 минути пред полноќ контролори влегле во метрото и се посомневале дека нешто не е во ред. Бидејќи не можеле да го изнесат од возот, повикале брза помош која констатирала дека патникот е мртов повеќе часови. Неговото тело е пренесено во локалната мртовечница па се повикани роднините да го идентификуваат.
Овој случај покрена силна локална дебата во Мексико Сити на тема модерниот живот и овој пример беше искорустен да се покаже колку луѓето се изолирани едни од други.
Други пак истакнаа, дека иако случајот е необичен, не е лесно да се погреши и да се помисли дека несреќниот човек само заспал зошто многу луѓе спијат во текот на своето патување, посебно кога уморни се враќаат од работа.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација