Македонија
6. September 2015 - 17:01

Сите лица со ретки болести ќе добијат терапија

Владата го заокружува проектот за набавка на лекови за ретки болести. Од вкупно 21 колку што се побарани од пациентите, 11 се веќе распределени, 6 пристигнати а 4 се во фаза на набавка. Според премиерот Груевски се очекува за многу кратко време на пациентите на кои им се потреби да им бидат доставени овие исклучително скапи лекови.

Станува збор за исклучително скапи лекови кои пациентите неможе да ги набават. Владата преку фзом ги покрива трошоците. 11 лекови покриваат 90 проценти од потребите, изјави Никола Груевски.

Груевски истакна дека спроведувањето на овој проект ќе продолжи и во иднина со оглед на тоа што станува збор за трајна мерка. Вкупната сума која секоја година државата ја вложува за набавка на лековите за ретки болести е 3,7 милиони евра.