Бизнис
23. January 2019 - 16:50

Сите институции со зголемен буџет за плати и надоместоци, тврдат дека се усогласуваат со законот

Како се крои буџет? Дали тоа се прави врз основа на прецизни пресметки или врз основа на список на желби и претпоставки? Втората најголема ставка во макеоднскиот буџет е таа за плати и надоместоци, истата која е најкоментирана во последните неколку недели. Нови вработувања или нова систаметизација која е вистинската причина што оваа ставка во 2019 во некои институции е многу поголема од 2018.

Конкретно, Комисијата за заштита од дискриминација располага со 10 милиони денари повеќе од лани за плати и надоместоци. Од таму велат, проекцијата е правена врз основа на законот кој требаше да биде донесен и според кој институцијата требало да добие 20 професионалци кои ќе бидат редовно вработени во институцијата. Но Законот не е донесен и сега тие над 160 000 евра се неупотребливи. Уште во јануари се размислува за нивна пренамена.

Од Финансии велат дека процесот на кроење на буџет трае 9 месеци. Најпрво Министерствто ги утврдува приоритетите, а потоа корисниците даваат пресметки кои треба да се многу прецизни, се пристапува кон преговори со нив и на крај се дефинира буџетот. За нови вработувања се даваат соглансости само ако за тоа се веќе предвиднеи пари.

Поголем е проблемот кај општините. Таму се слаби и капацитетите на администрацијата која креира буџет. Неделава впечатлив беше примерот со општина Горче Петров каде е усвоена повисока ставка за градоначалничката плата. Платата немало да се зголеми, се правдаа од општината туку се оставал простор ако се смени законот за плати, таа да може да се зголеми.

Експертите се децидни. Буџетот мора е да е разултат на сериозни пресметки и пред се да ги вклучува потребите на граѓаните и бинзис заедницата.

И институциите кои не се биџетски корисници имаат проблем со креирањето на буџетите кога се работи за ставката плати. Пример АЕК планира зголемување на платите за 20%. Директорот вели се работи за усогласување на систематизацијата, дека не се работи за зголемување на платите или нови вработувања. Сепак,  во финансискиот план стои потреба од нови вработувања.