Сите го знаеме хитот на Дино Мерлин - зад него се крие потресна приказна
Зад познатиот хит на Дино Мерлин кој сите го знаеме "Кад си рекла да ме волиш", се крие вистинска и трогателна приказна за која ретко кој знае. Пејачот ја напишал во најтешките моменти додека бил одделен од сопругата Амела.
Дино потекнува од сиромашно семејство, а како тинејџер се заљубил во богатата девојка Амела. Тој учел занает, а таа учела гимназија. Нејзините родители сакале таа да се забавува со момче од иста класа. Така, двајцата се гледале скришно и биле одвоени иако се сакале од 15 години.
Тогаш Дино сосема разочаран ја напишал песната која допре до сечие срце и стана хит.
- Се боревме, се криевме, но никој не можеше да не раздели. По пет години тајно се венчавме. Бешетоа романтична свадба иако својата сопруга буквално ја киднапирав. Само нашиот кум и нејзината сестра стоеја до нас. Постојано гледав кон вратата да видам некој да не ни ја расипе среќата. Потоа отидовме на брачно патување во Дубровник, а потоа се вративме кај мајка ми. Не чекаше голема одговорност, вели Дино.
Тој ја напишал песната во тешките љубовни мигови со Амела.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците