СИРИЗА: Среќно враќање во реалноста за Нова демократија
Само десет дена по изборите, политиката на владата на СИРИЗА во врска со Договорот од Преспа е сосема оправдана, коментираат од грчката опозициска партија по ставовите на министрите од владата на Нова демократија во врска со договорот, изразени за време на вчерашната панел дискусија на конференцијата на „Економист“, на која учествуваше и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров, јави дописничката на МИА од Атина.
Од СИРИЗА, на Нова демократија ѝ посакуваат „среќно враќање во реалноста и на цврстата национална позиција во надворешната политика на земјата“.
-Седум месеци Нова демократија и господинот Мицотакис се препуштија на неверојатен квази-патриотизам, поттикнувајќи ги национализмот и радикално десничарските теории на заговор за да уловат гласови од радикалната десница. Отидоа толку далеку дури и да говорат за размена за некратењето на пензиите со потпишување на Договорот од Преспа. Само десет дена по изборите, политиката на владата на СИРИЗА во врска со Договорот од Преспа е сосема оправдана. Сега, министрите од НД говорат за „корисни начини на соработка за двете страни“ (Варвициотис) и за „една подобра иднина за двете земји“ (Панајотопулос), соопштуваат од СИРИЗА.
Соопштението се однесува на обраќањата на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Милтиадис Варвициотис и на министерот за одбрана, Никос Панајотопулос.
За истите ставови, преку неговиот официјален Твитер профил реагираше и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас.
-Драго ми е што Договорот од Преспа започна да и се допаѓа на Нова демократија. Но, бидејќи ме нарекоа предавник, добив 1100 писма+ стотици заканувачки телефонски повици, куршуми и секаков вид на муниција, дури и противвоздушна, кеси полни со крв, прашувам, можеби ви преостанува и едно извини?, напиша Коѕијас на Твитер, јави дописничката на МИА од Атина.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје