Балкан
21. September 2015 - 17:40

Сириза победи на изборите во Грција, за формирање Влада Ципрас ќе коалицира со независни грци

Грчкиот народ вторпат годинава му даде мандат на лидерот на Сириза Алексис Ципрас да ја води Грција низ тешкиот период што и следува со оглед на тоа што треба да исполни многу барања за да ја обезбеди третата финансиска помош од меѓународните кредитори.

Во синоќешниот победнички говор, Ципрас истакна дека народот и дал на сириза јасен четиригодишен мандат и оти неговата партија докажала дека е премногу жилава за да умре, затоа што има длабоки врски со народот.

Лидерот на конзервативната Нова демократија Вангелис Меимиракас го призна поразот и му честита на Ципрас.

- Во јануари некои веруваа дека е готово со нас и оти ни е зададен последниот удар. Ние не се распаднавме, останавме столб на стабилноста, рече Меимаракис.

Во грчкиот парламент по вчерашните избори влегуваат осум партии, со што не се надмина бројката на парламентарни политички сили од 2012 година. Во принцип, сите партии претрпеа пораз и изгубија пратенички места, освен Златна зора која доби еден пратенички мандат повеќе од претходниот состав.

Неофашистичката партија има најмногу поддржувачи меѓу невработените грци, а регистриран е и голем пораст на гласовите за Златна зора на грчките острови, каде наордот е ревилтиран поради кризата со мигрантите.