Сириските вооружени бунтовници и се закануваат на Русија
Сириските вооружени бунтовници и се заканија на Русија дека ќе ги затворат руските бази на сириска територија и „ќе ги протераат Русите“ од земјата, кога ќе ја преземат власта во Дамаск, затоа што воено го помагаат „режимот на Асад“.
Според лондонски „Тајмс“ вакво предупредување било упатено, откако на Западот почна да се тврди дека Москва „воено се вклучува“ во сириската војна, која започна со вооружена побуна за да се собори сирискиот претседател, а потоа прерасна во граѓанска војна.
Лондонски весници, повикувајќи се на американски извори, тврдат дека Русија веќе започнала со воени операции во Сирија и за тоа во само неколку денови се префрлени 28 борбени авиони.
Во руската база во близината на Латакија сега се наоѓаат 12 борбени и исто толку авиони за поддршка, на кои им се приклучиле и претходните четири воени летала од минатата недела.
Истите извори тврдат дека руски воени дронови почнале со шпионско надлетување на сириската територија.
Во Лондон се пренесува пишувањето на московска „Новаја Газета“ која проценува дека Русија би можела да изведе неколку „демонстративни операции“ во Сирија, пред говорот на претседателот Владимир Путин, во Генералното собрание на ОН, во кој Путин, главно, ќе зборува за борбата против тероризмот и екстремизот.
Официјална Москва потврди дека помага во опремувањето на сириската армија и порача дека тоа ќе го прави и понатаму.
Руските функционери открија дека работат на осовременувањето и проширувањето на нивните две бази на медитеранскиот брег од Сирија, но демантираат дека Русија се вклучува во директни операции против џихадистите на ИД.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација