Свет
4. October 2017 - 22:35

Сириските владини сили ја презедоа контролата врз Хама

Сириските владини сили и нивните сојузници денеска ги протераа борците на екстремистичката организација Исламска држава (ИД) од источниот дел на сириската провинција Хама, наведе извор од сириската војска. 

Овој напредок се случи откако сириската војска ја презеде контролата врз над 50 градови и села од почетокот на офанзивата за ослободување на источниот дел на Хама од ИД, што започна на 3 септември. 

Целата провинција Хама е сега ослободена од ИД. 

Сириската опсерваторија за човекови права наведе дека од минатиот месец до сега, во борбите загинале 407 милитанти на ИД.