Свет
16. September 2016 - 13:33

Сириски бунтовници правејќи селфи случајно се разнесуваат!

На социјалните мрежи се појави видео од борци на Слободната сириска војска кои случајно се разнесуваат додека пред камера пеат и прават селфи.

Снимката чија автентичност не е потврдена, наводоно прикажува припадници на Слободната сириска војска.

Осум мажи седат околу маса а во позадина се гледа знамето на бунтовниците. Пред нив се гледа оружје а еден од нив се обидува да направи селфи.

Во тој момент доаѓа до експлозија камерата паѓа и се слуша како некој вика "Алах Акбар".

До експлозијата наводно дошло бидејќи мобилниот со кој се обиделе да направат селфи бил поврзан со бомба.