Свет
24. October 2017 - 9:20

Сириската авијација уби 22 лица во последното упориште на ИД

Во воздушни напади на сириската армија се убиени најмалку 22 лица во градот Деир ез Зор, последното урбано упориште на Исламската држава. Уште 30 лица биле повредени во нападите.

Сириската армија, со поддршка на Русија, освои дел од градот и околната област која три години беше под контрола на ИД.

Џихадистичката група сега држи едвај половина од областа Деир ез Зор, и по падот на Рака се соочува со целосен пораз во Сирија.