Свет
20. February 2016 - 15:11

Сириска Влада: Турција со артилериските напади го крши меѓународното право

Сириската Влада денеска оцени дека турското гранатирање во Сирија е „невидено кршење“ на меѓународното право, се наведува во соопштението, кое денеска го објави државната новинска агенција САНА.

Турција во соопштението е обвинета дека извршила злосторства против Сиријците со артилериските напади во провинцијата Алепо.

Како што се наведува, голем број цивили се повредени во артилерискиот напад, чии цели биле Тел Рифат и други градови.

Турција во изминатите недели гранатирала воени позиции на сириските Курди, поддржани од САД.

Анкара се закани и со копнена операција, сметајќи дека тоа е нејзино право на самоодбрана и на тој начин ќе одговори на огнот од сириска територија.