Свет
15. December 2016 - 10:56

Сириска ТВ: Евакуација на 4.000 бунтовници и членови на семејства

Најмалку 4.000 бунтовници и членови на нивни семејства ќе бидат евакуирани од сирискиот град Алепо, јави Сириската телевизија.

– Сите процедури за нивна евакуација се објавени, наведува медиумот.

По првичниот договор за евакуација на бунтовници и цивили што до вчера не беше спроведен, ноќеска е постигнат нов. Бунтовниците објавија дека новиот договор за прекин на огнот стапи на сила во 2:30 по локално време.