Свет
3. November 2017 - 10:06

Сириска ТВ: Деир ал-Зор е целосно ослободен

 

Сириските и сојузнички сили презедоа целосна контрола врз Деир ал-Зор потполно протерувајќи ги припадниците на ИД од тој град на исток во Сирија, јави Сириската телевизија.

– Армијата објави дека има целосна контрола врз Деир ал-Зор, се наведува во прилогот на медиумот.

Сириската телевизија јави дека тој град е „целосно ослободен од тероризмот“. Деир ал-Зорбеше последното големо упориште на ИД. Под контрола на ИД беше од 2014 година.