Свет
26. November 2015 - 9:36

Сирија: Погоден хуманитарен конвој, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица загинаа денеска, а десет се ранети од воздушни удари во сирискиот град Азаз, во близина на границата со Турција, во кои е погоден хуманитарен конвој, јави Анадолија. 

Погоден е хуманитарниот конвој кој превезувал помош за бегалците во Азаз. 

Засега не е јасно дали воздушните удари се од страна на руски или сириски авиони. 

Сириската опсерваторија  за човечки права претходно јави дека се во тек силни удари на руски авиони во Азаз.