Свет
17. July 2016 - 13:23

Сирија: Опозициските делови на Алепо целосно опколени

Деловите на северниот сириски град Алепо, кои ги контролира опозицијата се целосно опколени, откако владините сили ја пресекоа последната рута за снабдување на бунтовниците, изјави денеска директорот на сирискиот Центар за мониторинг на човековите права Рами Абдел. 

- Борците на режимот сега се на патот Кастело и официјално го пресекоа. Источните квартови сега се целосно опколени, реле Абдел.