Живот
22. November 2016 - 14:53

Синот среде улица ги претепал родителите, затоа што му купиле мал стан!

Неименуван Кинез физички ги нападнал родителите пред неколку дена во Харбин, незадоволен од големината на станот кој му го купиле како подарок за свадбата.

Момчето ги удирало своите родители со раце и нозе среде улица, а ужасната глетка ја набљудувале бројни случајни минувачи кои од почеток не сакале да се мешаат.

Некои наместо да помогнат, ги извадиле телефоните и снимале, а реагирале кога момчето сакало да избега и така го задржале до доаѓањето на полицијата.