Живот
29. July 2018 - 14:01

Синот на Оливер собра сила и раскажа: Тешко е, пробавме се... Секој ден беше се полошо и на крајот само заспа

Се огласи синот на Оливер Драгоевиќ, Дино, сопругата Весна немала сила да изусти ниту еден збор. 
 
- Тешко е. Пробавме се!Професорот Врдољак кој го водеше лекувањето на мојот татко беше најдобар во Европа, но болеста беше посилна. Им благодариме на сите во болницата. Тие луѓе ја работат најтешката работа, изјавил Дино Драгоевиќ за хрватските медиуми. 
 
- Беше се полошо и полошо и на крајот само заспа. Не умираше во болки ниту во агонија, ниту пак се мачеше. Погребот ќе биде во Вела Луча тоа беше неговата желба отсекогаш, а испраќањето ќе биде во Сплит, изјавил Дино со трепелив глас.