Македонија
30. October 2020 - 11:53

Синот на Амди Бајран е негативен на корона вирус

Габриел Бајрам, синот на починатиот долгогодишен политичар Амди Бајрам, објави фотографија од резултатот од корона-тестот со цел да докаже дека е негативен на Ковид-19.

Амди Бајрам во неделата беше погребан, а посмортен тестирањето покажа дека бил позитивен на Кови-19 по враќањето од Турција, каде што организираше свадба за својата внука.

По овој случај, политички и медиумски кругови раширија гласини дека синот на поранешниот пратеник е исто така позитивен.

Епидемиолозите по веста за смртта на претседателот на Сојузот на Ромите најавија дека ќе ги бараат неговите контакти.