Македонија
25. January 2017 - 9:42

Синдикалната потрошувачка кошница во декември 32.102 денари

За задоволување на основните потреби на едно четиричлено семејство во декември биле потребни 32.102 денари, покажуваат податоците што ги објави Сојузот на синдикати на Македонија, изработувајќи ја синдикалната минимална кошница.

Според оваа кошница, за исхрана и пијалоци во декември биле потребни 13.174 денари, а за плаќање на комуналии, опрема за домот и одржување 10.454 денари. За превоз 2.339 денари, за одржување на личната хигиена и хигиената на домот 2.249, додека за облека и обувки 2.133 денари. Најмалку пари, односно 678 денари се одвојуваат за здравјето, а за културата 1.070 денари.