Македонија
21. December 2016 - 12:49

Симулација: Еве што треба да се случи за СДСМ да направи пресврт на гласањето во Теарце

СДСМ е единствената партија која може да му земе еден мандат на ВМРО-ДПМНЕ во прегласувањето во Теарце. Иако шансите за тоа се мали, сепак, теоретски постојат, а сценариото може да се реализира само доколку ВМРО-ДПМНЕ остане на ставот од својот проглас и го бојкотира гласањето.

Според официјалните податоци објавени од ДИК, избирачкото место 2011 во општина Теарце брои 714 гласачи. На 11 декември гласале 404 гласачи или 56,58%. 17 ливчиња биле неважечки а се броеле 387 ливчиња.

Најмногу гласови на ова избирачко место освоиле ВМРО-ДПМНЕ.

Вкупната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во шестата изборна единица беше 307 гласа. Со поништувањето на ова избирачко место, сега разликата е 303 гласа, со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ имаше 4 гласа предност во „спорното“ избирачко место во Теарце.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не излезе на гласање и не добие ниту еден глас, на СДСМ му требаат 304 гласа за да добие мандат повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во шестката и со тоа бројот на пратенички столчиња во Собранието да се изедначи на 50 – 50 .
Но СДСМ на 11 декември во избирачкото место 2011 во Теарце доби 87 гласа.
За да стигне до бројката од 304 нема да му бидат доволни ниту сите гласови кои ги добија албанските политички партии на 11 декември.
Од вкупниот број на важечки ливчиња, 387, кога ќе се одземе бројот на гласачи кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ ќе се добие бројката 296, што не е доволно за пресврт, под услов ниту еден од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за СДСМ и на местото да не излезат поголем број избирачи.

Сепак, постои варијанта одзивот да се зголеми, но повторно, потребно е сите кои ќе застанат пред гласачките кутии да гласаат за СДСМ.
Од друга страна, доколку гласачите на ВМРО-ДПМНЕ повторно ја достигнат бројката од над 90, тогаш на СДСМ ќе му бидат потребни речи си 400 гласови, што е возможно, теоретски но не треба да се исклучи како можност, особено ако се има предвид начиот на кој СДСМ ги организираше Албанците за изборите.